АБА лига: Јуниорите на „МЗТ Скопје“ покажаа како се победува

120

Екипата на „МЗТ Скопје“- Аеродром со победа го започна својот настап во јуниорската АБА лига за кошаркари до 19 години. Тимот на „МЗТ Скопје“, предводен од тренерот Небојша Ѓуковиќ, а во кој настапуваат и неколкумина позајмени играчи од неколку екипи од државава, го совлада црногорскиот тим Морнар со 86-82.

Дамјан Крстевски, кој инаку е актуелен член на „Работнички“, со 27 поени беше најефикасен играч на натпреварот, воедно и во тимот на МЗТ, за кој Дамјан Миса постигна 13, Мартин Трсунов 12, а Валмир Какруки 11 поени.

Тимот на „МЗТ Скопје“, настапува во А групата чии средби се играат во Белград, а во која за следен противник ќе ја има Цибона, против која ќе игра денеска од 11:30 часот. Во последните два натпревара в понеделник, „МЗТ Скопје“ ќе игра против Бемакс (9 часот), а потоа и домаќин на турнирот Црвена звезда (16 часот).

Натпреварите од втората (Б) група во Загреб, во која исто така има пет тима, играат екипите на: Цедевита, Будуќност, Игокеа, Партизан и Олимпија.

Пласман на завршниот „Фајнал-фор“ турнир ќе обезбедат двете првопласирани екипи од двете групи.