„Авионот на Заев паѓа, пилотите се катапултираа“!!!

10986

Им ветуваше мед и млеко, а не успеа ни канализација да им направи.

Зоран Заев го сруши сонот на многу млади арачиновци, кои три години живееле со надеж дека еден ден ќе управуваат борбени авиони, видно разочарани и со тажни лица пред камера зборуваат како им било ветувано дека ќе станат пилоти, ама заборавиле да проверат дали Македонија има авиони.

Ако во Арачиново ветувал дека ќе има 300 пилоти, сигурно во Матејче дал ветување за 3000 стјуардеси, ах бе друже Заев ја претера. Твојов авион паѓа забрзано, а не си ни свесен дека пилотите веќе се катапултираа, со празни ветувања и лажна надеж броени ти се деновите на власт!

Авионите се полни ама они што одат во Германија, Швајцарија, Белгија… полни се со млади кои не ја гледаат иднината во Македонија токму заради ваквите како тебе друже Заев.

Останавме без браќата и сестрите баш поради ваквите како тебе друже Заев, а знаеш зошто? Зато што вети право и правна држава, а првите луѓе ти се сомничат за најголеми рекетари, вети повисоки плати, платите не мрдаат, вети повисоки пензии, а ги зголеми за 36 денари, вети живот за сите, ама пред умирање сме, ЈА ПРЕТЕРА ДРУЖЕ ЗАЕВ, ЈА ПРЕТЕРА!

Додека народот ти гладува и крпи крај со крај, ти и твоето семејство друже Заев одмарате по еден месец во Италија, Австрија, Дубаи… ја претера друже Заев, ја претера!

„Авионот ти паѓа, пилотите се катапултираа“. Каменот од блиску доаѓа друже Заев!