Австрискиот сопственик ќе ги спои Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија

182

Клиентите на двете банки нема да почувствуваат никаква разлика. Ќе ги имаат истите поволности дадени од двете банки, но ќе имаат и нови како користење на банкоматите од двете банки во земјава и банкоматите на Шпаркасе и Есте групацијата.

Финансискиот пазар на земјава ќе ја добие четвртата по големина банка со удел на пазарот од 14 отсто која претендира и да стане финансиски супермаркет и лидер на пазарот на понуда на производи и услуги. Ова беше речено на денешната прес-конфернеција на која беше соопштено преминувањето на Охридска банка од австриската Шпаркасе групација.

Штаермеркише и Шпаркасе групацијата на почетокот на месецов купија 91,57 отсто од акциите на Охридска банка од досегашниот сопственик на банката француската Сосиете женерал. За тоа платија 48 милиони евра.

Во текот на 2021 година сопственикот Штаермеркише и Шпаркасе групацијата планира да ги спои двете банки кои ги поседува во земјава Охридска банка и Шпаркасе банка Македонија со што ќе стане четврта по големина банка во земјава со удел на пазарот од 14 отсто.

Во процесот на спојување на двете банки, како што беше речено на денешната прес-конференција, нема да има отпуштање на работници во двете банки, но ќе се прави избор за пополнување на работните места по новата систематизација преку конкуренција на вработените.

– Имаме план да се прошируваме и засега ни се потребни сите вработени во двете банки Охридска и Шпаркасе. Вработените ќе имаат можност да си конкурираат за местата, но ќе ни требаат сите луѓе во процесот на проширување – изјави Георг Бухер, член на Управниот одбор на Штаермеркише Шпаркасе.

Новатаинтегрирана банка, како што рече Глигор Бишев, главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на Шпаркасе банка Македонија , ќе стане лидер на пазарот во однос на понудата на производи и услуги.

– Со ова се дава шанса да се отвори голем финансиски супермаркет кој ќе биде лидер на пазарот во однос на понудата на производи и услуги.Банката ќе биде препознатлива по нашиот хуман однос одговорно однесување, инклузија на клиентите како и професионални совети и бмрежување на клиентите во зрмјагта странство. Уверен сум дека ќе бидеме прв избор на банка за нашите клиенти и врботени – рече Бишев.

Клиентите на двете банки нема да почувствуваат никаква разлика. Ќе ги имаат истите поволности дадени од двете банки, но ќе имаат и нови како користење на банкоматите од двете банки во земјава и банкоматите на Шпаркасе и Есте групацијата.

– Една од првите придобивки за клиентите ќе биде можноста за користење на повеќе од 120 банкомати во земјата, како и можноста за подигање на пари од банкоматите со дебитните картички без провизија почнувајќи од 1 јануари 2020 година – рече Нина Неданоска, претседателка на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.

Герхард Фабиш, претседател на Управен Одбор на Штаермеркише Шпаркасе, рече дека со членовите на управниот одбор на новата банка ќе обезбедат стабилности иновативен пристап во работењето.

– Убеден сум дека ќе формираме нова успешна банка и дека ќе создадеме одржливи вредности за нашите клиенти и аскционери, а особено за нашите вработени. Ќе станеме уште посилен партнер на економијата – рече Фабиш.

Тој подвлече дека главна цел на австриската групација е да инвестира во замјите од Западен Балкан затоа што им верува и дека очекува еден ден и тие да влезат во Европската унија.