САД во Сирија дејствуваат унилатерално и на опасен начин, обвинуваат Русите

41

САД дејствуваат во Сирија унилатерално и на опасен начин, со што го поткопуваат територијалниот интегритет на земјата, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Изјавата на Лавров следи по минатонеделниот напад на хеликотери на меѓународната коалиција, предводена од САД, врз позиции на сириските владини сили, распореден во близина на една рефинерија под контрола на бунтовниците, кои ја имаат поддршката на Вашингтон.

Лавров, исто така, нагласи дека Русија останува отворена за учество на сириските Курди во мировниот процес во Сирија и покрај противењето на Турција.

Анкара ги смета Силите за заштита на народот на сириските Курди за огранок на Курдската работничка партија (ПКК), која се залага за автономија на Курдите во Турција. ПКК се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.

Турција минатиот месец започна офанзива против силите на сириските Курди, кои беа еден од главните сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава (ИД), поради што дојде до тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон.

Во услови кога однсите меѓу САД и Турција се, како што оцени турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу, во „критичн фаза“. в петок во Анкара ќе допатува американскиот дравен секретар Рекс Тилерсон.

Во пресрет на посетата на Тилерсон, денеска во Истанбул се одржа средба меѓу претставници на Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и советникот за национална безбедност на Белата куќа, Херберт Рејмонд Мекмастер. Тема на разговорите, според извори од кабинетот на Ердиоган, било „долгорочното стратешко партнерство“ меѓу Турција и САД.