АЗАР СЕ ПОВРЕДИ, ЌЕ БИДЕ ЛИ ПОДГОТВЕН ЗА „ЕЛ КЛАСИКО“?

216

Фудбалерот на Реал Мадрид Еден Азар заработи повреда во мечот со ПСЖ (2:2) од петтото коло од групната фаза во Лигата на шампиони. Тој во второто полувреме заработи удар во ногата, при кој го свиткал и скочниот зглоб, па предвреме го напушти теренот.

Иако првите резултати велат дека не се работи за нешто сериозно, тренерот Зинедин Зидан е и тоа како загрижен и побарал дополнителни прегледи.

„Тоа е повеќе од удар. Тоа е удар во зглобот, по кој имало и свиткување. Ако беше само удар немаше проблем, но свиткувањето е она што ме загрижува. Се надевам дека не е некоја лоша повреда“, прокоментира Зидан.

Азар се повреди на три недели пред „Ел Класико“, а денешните дополнителни тестови треба да кажат колку време ќе одмора и дали и кога ќе му биде на располагање на Зидан за следните натпревари.