АЗАР: Ќе играм за „Реал“, но ако ми дозволи „Челзи“

246

Фудбалерот на „Челзи“, Еден Азар, по освојување на третото место со белгиската репрезентација на СП, на новинарите им ја кажа желбата за продолжување на клупската кариера.

– Се зависи од „Челзи“. Ако клубот ме пушти ја знаете мојата сакана дестинација. Во Лондон поминав шест прекрасни години и сметам дека е дојдено време за нешто ново. Сепак крајната одлука е на „Челзи“. Прашење е дали сакаат да ме пуштат, изјави Азар.

За него интерес покажуваат неколку екипи, но негова желба е кариерата да ја продолжи во „Реал Мадрид“.