Андреј Стојановски освои два медала во Германија

265

Членот на пливачкиот клуб „Бета“, Андреј Стојановски освои две бронзи на Меѓународниот пливачки натпревар одржан викендот во Синделфинген, Германија.

Андреј Стојаноски освои трето место во дисциплините 200 метри слободно и 200 метри мешано, додека пак Љупчо Ангеловски успеа да влезе во финале во дисциплините 50 метри слободно и 50 метри делфин.

Турнирот во Синделфинген беше квалификациски натпревар за претстојните Европско и Светско првенство.