АЛАРМАНТНО: Антарктикот се топи со преголема брзина

81

Топењето на Антарктикот алармантно се забрзува при што околу три билиони тони мраз исчезнале од 1992 година, предупредува во студија меѓународен експертски тим.

Во изминатите 25 години најјужниот дел од Антарктикот се стопил толку да се покрие цел Тексас со вода до ниво од четири метри, утврдиле научниците.

Поради сета таа вода, светските океани пораснале за околу 7,6 милиметри.

Според студијата објавена во Нејчер, од 1992 до 2011 година Антарктикот загубил околу 84 милијарди тони мраз годишно додека од 2012 до 2017 брзината на топењето е зголемена на повеќе од 241 милијарда тони годишно.

– Мислам дека би требало сериозно да се загрижиме. Работите се случуваат. Се случуваат побрзо отколку што очекувавме, изјави Изабела Великонја од Калифорнискиот универзитет Ирвин, еден од 88 коавтори на студијата.