Анѓушев ќе го презентира планот за економски раст пред стопанствениците од Куманово

204
Koco_Angjusev

Во Куманово ќе се одржи трибина на која ќе бидат презентирани можностите за компаниите што ги нуди владиниот План за економски раст.

Пред стопанствениците ќе зборуваат вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска и министерот за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ.

На трибината ќе присуствуваат стопанственици од Куманово и кумановскиот регион.