„Арсенал“ ќе го продаде Санчез ако се исполнат два услови

178

Премиерлигашот „Арсенал“ и дефинитивно е подготвен да го продаде Алексис Санчез во овој актуелен преоден рок, меѓутоа да се случи тоа мора да се исполнат два услови пренесува „Би-Би-Си“.

Прво на адреса на клубот од Северен Лондон мора да дојде понудата која нив ќе ги задоволи, додека вториот улслов е „топчиите“ да доведат соодветна замена пред да се затвори зделката.

Желба на Санчез е да заврши во „Манчестер Сити“, но лидерот во Премиер лигата ќе мора да се потруди во преговорите со оглед на тоа што „Арсенал“ сака околу 35 милиони фунти, додека пак тие нудат 20 милиони фунти со тоа што според извори на „Би-Би-Си“ можен е компромис на сума меѓу 25 и 30 милиони фунти.

Сепак во целата оваа приказна може да се вклучи и „Манчестер Јунајтед“ за кого вчера се појавија информации дека е подготвен да влезе во битка за Чилеанецот.

Арсен Венгер пак веќе има утврдена замена за Алексис или поточно прва опција е 20-годишниот напаѓач на Бордо, Малком.

Ако од ова ништо не се реализира и Чилеанецот по овој преоден рок остане во Лондон тогаш на лето ќе може слободно да си ја избере новата средина со оглед на тоа што му завршува договорот.