„Баерн“ без Робен на реваншот кај „Бешикташ“

129

Ариен Робен ќе го пропушти реванш осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите што неговиот тим „Баерн Минхен“ утре ќе го одигра на гости кај „Бешикташ“.

Германскиот шампион на првата средба во Минхен победи со 5:0, па отсуството на повредениот 34-годишен Холанѓанец не би требало да биде никаков проблем кога е во прашање патникот во четвртфиналето.

Натпреварот се игра утре од 18 часот во Истанбул, а во стандардниот термин за ЛШ (20:45) се среќаваат „Барселона“ и „Челзи“.

Вечерва на програмата во елитната фудбалска лига се натпреварите:
Рома- Шахтјор (1:2 прв натпревар) и
Манчестер Јунајтед – Севиља (0:0).