БАЛОТЕЛИ: Заслужувам да бидам во репрезентацијата

50

Напаѓачот на „Ница“, Марио Балотели верува дека созреал и како фудбалер и како личност и дека може да ѝ помогне на италијанската репрезентација да се врати на местото на кое припаѓа.

– Почнав да добивам помалку повреди отколку порано, почнав да играм подобро. Но, мојата тајна не е тоа. Мојата тајна е во мирот што го најдов во мојот личен живот. Ми се допаѓа италијанскиот тим и би сакал да се вратам, истакна Балотели.

Тој го разбира Антонио Конте што не го повикал во националниот тим кога беше селектор, но не и Вентура.

– Конте беше во право што не ме покани. Не бев доволно добар. Но, јас не  разбирам зошто не ме викаше Вентура, истакна „Супер Марио“.