„Беверли Хилс“ бележи најголем пад на гледаноста летово

3586

Продолжението на хит-серијата од 1990-тите, „Беверли Хилс“, летово го бележи најголемиот пад на гледаноста земајќи ги предвид првата епизода од новиот серијал прикажана на 7 август и минатонеделната, засега претпоследна епизода.

Падот на новата серија наречена просто „БХ 90210“, во таа смисла изнесува 65 отсто.

Во ова продолжение глумат седум од осумтемина глумци од главната постава, без Лук При (Дилан), кој претходно годинава почина по мозочен удар.

Но, и покрај сѐ ова, на ИМДБ, просечната оценка на епизодите од гледачите, изнесува 8 од 10.