Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и Естонија

146
Stopanska_komora

Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и Естонија ќе се одржат во Скопје.

Форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, со цел  унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу  девет држави.

Најавените активности се во рамки на посетата на бизнис делегацијата од Естонија, предводена од амбасадорот Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи на Министерството за надворешни работи на Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија.

Во делегацијата ќе бидат присутни и еминентни естонски бизнисмени од повеќе сектори, со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби, најави Стопанската комора на Македонија.

Домаќин на бизнис делегацијата од Естонија ќе биде Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија.