Биолози пронашле решение за проблемот со гладта во светот

168

Лебното дрво (Artocarpus) можеби го крие решението за проблемот со гладта во многу земји во светот.

Британски биолози сметаат дека плодовите на растението поради својата хранливост може да бидат замена, како за зрнестата храна, така на пример, и за свинското месо. Семето содржи големо количество железо, белковини, калциум. Но има еден проблем – непријатниот вкус дава чувство како да се јаде нешто гнило.

Но и покрај тоа, плодовите сепак може да се користат и како печени или пржени додатоци во јадењата и салатите.