Би јаделе ли во ресторан во кој готват ХИВ-позитивни? (ФОТО)

153
Toronto_HIV_vraboteni

Група гурмани од канадскиот град Торонто отворија привремен ресторан во кој работат ХИВ-позитивни лица.

Целта на ваквата идеја е да се урне митот и верувањата дека вирусот се пренесува преку храна.

Toronto_HIV_vraboteniРесторанот е отворен вчера, а готвачот е лице заразено со ХИВ. Вработените носат престилки со натписи „Бакни го ХИВ-позитивниот готвач” и саркастичната шега „Добив ХИВ од тестенини”.

Toronto_HIV_vraboteni

Идејата да се отвори таков ресторан потекна од минатомесечното истражување, според кое, половина од испитаниците изјавиле дека би конзумирале храна приготвена од некој што е заразен од ХИВ.

Toronto_HIV_vraboteni

Влезниците за тој привремен ресторан се продадени за помалку од две недели.

– Сакаме да направиме нешто вакво и во Њујорк, Сан Франциско, Лондон, изјави еден од сопствениците на ресторанот.