Блокиран булеварот кај „Битпазар“: Пазарџиите на протест пред Собрание

242

Пазарџиите протестираат против Законот за трговија на зелените пазари кој стапи во сила од 1-ви јануари годинава.
Поголем дел од зелените пазари утрово не ги отворија вратите. На портите стоеја катанци, а оградите се облепени со известување за протест. Пазарџиите протестираат против Законот за трговија на зелените пазари кој стапи во сила од 1-ви јануари годинава. Според новата регулатива, на зелените пазари не може да рботат пензионерите, вработени, или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари. За тезгите пак, треба да се плаќаат лиценци. Цената за лиценцата е 60 евра, а ако некој има повеќе тезги за секоја наредна тезга се плаќа по 40 евра.
Пазарџиите се разногласни во врска со тоа до кога ќе протестираат. Едни велат дека, пазарите нема да ги отворат вратите додека не се повлече законот, а пазарџиите на пазарот Буњаковец пак, застанаа на своите продажни места.