Браво за Вардарки!

289

Деветта победа во низа за Вардарки , овој пат во „Јане Сандански“ против Будуќност со убедливи 31:24. Ракометарките на „Вардар“ продолжуваат со имресивната серија во Лигата на шампионките.

Црногорките немаа никакви шанси против домашната екипа, која по 15 минути веќе ја реши дилемата околу победникот. Со голема цврстина во одбраната, а сигурност во нападот Вардарки создадоа огромна двоцифрена предност на пауза 19-8.

Андреа Пенезиќ диктираше во нападот со 8 погодоци, а во одбраната главна беше Лејно со маестрални 14 интервенции на голот.

ЖРК „Вардар“ и натаму останува единствената непоразена екипа во Лигата на шампионките оваа сезона, со девет победи во серија.

Следен предизвик за „Вардар“ е француски Мец на 25 февруари.