БУКВАЛНО ЛЕТАШЕ СО БОЛИДОТ: Со над 250 километри на час се заби во оградата, по неколку часа напиша твит (ВИДЕО)

241

Младата германска возачка Софија Флорш вчера едвај остана жива, откако со огромна брзина ја проби заштитната ограда и заврши во безбедниот простор со преполовен болид. Сликата беше навистина страшна и повторените снимки покажаа дека 17-годишната Софија во моментите на излетување возела со над 250 километри на час, брзина која предизвика болидот да полета во воздух и да заврши во оградата.

Дефинитивно, вистинска среќа е што Софија не претрпе животнозагрозувачки повреди, а првата позитивна вест ја пренесе и нејзиниот татко кој потврди дека неговата ќерка има скршеница на ’рбетот, со тоа што во прв момент може да ги движи сите екстремитети.

Набрзо после оваа изјава на таткото на Флорш, се огласи и младата возачка која се натпреварува во Формула 3.

 

– Само сакам да им кажам на сите дека сум добро и дека утре ќе имам операција. Голема благодарност до ФИА и до Мерцедес тимот кои се грижат за мене. Благодарност до сите за пораките за поддршка. Наскоро ќе има нови информации, – гласи објавата на младата Софија која дефинитивно и погледна на смртта во очи.

По известувањето дека е во добра здравствена состојба набргу се појавија нови вести дека имала седум часовна операција.

Погледнете како изгледаше тоа