БУФОН: Доста беше, заминувам во пензија

98

Голманот и капитен на „Јувентус“, Џанлуиџи Буфон одлучи на крајот на сезоната да замине во фудбалска пензија, објави Кориера дела Сера.

Еден од најдобрите голмани во историјата наскоро официјално ќе објави дека престанува со активно играње во 40. година.

Буфон не сака веќе да им зазема место на млади голмани како во клубот така и во репрезентацијата на Италија.

Сепак, според весникот привремениот селектор Луиџи Ди Бјаџо планира да го повика бидејќи смета за негова подобра разделба отколку во дебаклот од Шведска во баражот за СП во Русија.

До крајот на сезоната ќе има последна можност да ја освои долгоочекуваната Лига на шампиони со Јувентус откако загуби три финалиња, наведува весникот.

За торинскиот клуб брани од 2001 година кога дојде од Парма. За репрезентацијата на Италија настапи рекордни 175 пати.