Буфон: Ќе бидам среќен ако Роналдо се пресели во „Јувентус“

189

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој 17 години бранеше за „Јувентус“, го сподели своето мислење за можна преселба во Торино на Кристијано Роналдо.

– Нема да бидам изненаден ако Роналдо се пресели во Јувентус. Од таков расплет ќе бидам среќен. Тоа е она што му е потребно на клубот. Јувентус има потреба од нови идоли, изјави Буфон.

Според италијанските медиуми, трансферот на Роналдо во Јувентус може да се објави во следните 48 часа.

За денес е најавена средба на агентот на португалскиот репрезентативец Хорхе Мендес со раководството на Реал на која ќе се дискутира за иднината на неговиот клиент.