Вардарки моќно против „Битингхајм“ за првото место

154
Екипата на ЖРК „Вардар“ синоќа оствари победа над германски „Битигхајм“ (30-22) и остварија пласман во четврт-финалето на Лигата на шампионите како првопласиран тим. 
На коло до крајот на мечевите од главната фаза, „црвено-црните“ може да почнат да размислуваат за следниот ривал на патот до Ф4 турнирот во Будимпешта.
Тренерот на тимот, Ирина Дибиров, на пресот по мечот истакна дека целта е остварена, а тоа е првото место во групната фаза.
– Ја остваривме нашата цел и го постигнавме пласманот кој го посакувавме во групната фаза. Не ни требаше голема разлика туку едноставно ни требаше победа. Ова беше тежок дуел поради тоа што моравме да ја сработиме задачата. Ни претстои уште средба во Црна Гора и сега можеме да го чекаме нашиот ривал во четврт-финалето, изјави Дибирова по мечот.
Младата Сара Ристовска изрази задоволство од добиената доверба и фактот дека повеќето од ракометарките добиле шанса за настап на овој меч.
– Среќна сум бидејќи ја исполнивме целта и останавме на првото место во групата. Пресреќна сум и поради тоа што сите добивме шанса за да играме и да ја искористиме довербата која што ја добивме од тренерите. Ни останува уште средба против Будуќност, а потоа имаме кратка пауза во која можеме да ги оладиме главите и да се подготвиме за четврт-финалето, изјави репрезентативката на Македонија.