Вардарци против „Нексе“ за рекорд во СЕХА

105

Актуелниот шампион во регионалната ракометна СЕХА лигата, „Вардар“ денеска игра против „Нексе“ со што ќе го заокружи настапот во регуларниот дел од сезоната. Мечот започнува со почеток во 17:45 часот.

„Вардарци“ кои одамна обезбедија првото место, а со дуелот против хрватскиот тим „Нексе“ ќе се обидат да остварат победа со која ќе го минат рекордот на унгарскиот „Веспрем“. Тие пред две сезони регуларниот дел од лигата го завршија со 16 победи и две ремија.

„Црвено-црните“ веќе имаат 16 победи и само еден нерешен резултат, па со победа над Нексе ќе станат најуспешниот тим во историјата на СЕХА кога во прашање се настапите во регуларниот дел од сезоната.