„Вардар“ против „Битигхајм“ ќе го заверува првото место во ЛШ

93

Екипата на ЖРК „Вардар“ денеска во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува тимот на германски „Битигхајм“, откако со победа можеме да го завериме првото место во групата, а со тоа и полесен противник во следната фаза.

На првиот натпревар на почетокот на февруари во Германија, „црвено-црните“ победија со 38:26.

Тренерот на „Вардар“, Ирина Дибирова на пресот пред два дена изјави дека добро го познаваат противникот но и дека тимот треба да одигра перфектно за да победи.

Бекот Јованка Радичевиќ додаде дека добрата одбрана треба да ги донесе вардарки до конечна победа и на тој начин да се осигура првото место во групата.

Шампионот на Германија доаѓа во Скопје во добро расположение, откако во средата оствари победа во домашното првенство над „Олденбург“ со 29:19, па сигурно нема да биде лесен меч.

Мечот почнува од 19:00 часот.