„Вардар“ против „Нексе“ по рекорд во СЕХА

90

Македонскиот ракометен шампион „Вардар“ посакува со триумф над „Нексе“ да го заврши основниот дел од регионалната СЕХА Газпром лига и да стигне до рекордни 17 победи.

Тренерот Раул Гонзалес изјави дека дуелот со хрватскиот тим ќе биде добра шанса да се поправат некои грешки во играта во одбраната.

– Имаме мотивација да ја завршиме сезоната со победа. Фаворити сме, но мора тоа да го потврдиме на терен. „Нексе“ е квалитетна екипа која во минатото знаела да ги изненади фаворити. Ние во пресрет на овој меч мора да ја поправиме одбраната, која во последниот период не е на очекуваното ниво, рече Раул на денешната прес-конференција.

„Црвено-црните“ со евентуална победа над „Нексе“ ќе бидат тимот што успеал да ја заврши сезоната со најмногу бодови досега во историјата на СЕХА. македонскиот првак на 17-те натпревари оваа сезона има 16 победи и едно реми.

Натпреварот е закажан за утре од 17:45 часот во СЦ „Јане Сандански”.

Без оглед на резултат Вардар е прв на табелата со обезбедено место на „Фајнал фор“ турнирот што ќе се игра во Скопје од 13 до 15 април.