ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ: Настап на „Фолтин“, „Pluto’s Doubts“ и Кирил Џајковски

536

Во Вевчани вечерва ќе започне празнувањето на Василица, Стара Нова година, и традиционалниот карневал. Свои настапи ќе имаат „Pluto’s Doubts“, „Фолтин“ и Кирил Џајковски.

Дефилето на маски ќе почне утре во 13 часот, а утревечер василичарите и гостите на Вевчани ќе ги забавуваат Чалгија саунд систем, Џамбо Агушев оркестар и Блага Петреска.

Кулминацијата на настанот е на 14 јануари кога ќе има василичарско оро на околу илјада маски. Карневалот ќе заврши во недела попладне со традиционалното палење на маските.

– Карневалот годинава е во викенд и очекуваме многу посетители од земјава и од странство. Вевчанскиот е најстар карневал, со најдолга традиција во Македонија и пошироко. Уникатен е и единствен, а учесниците ја имаат сета слобода да критикуваат и иронизираат, рече вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски.

Тој ги покани сите што имаат желба да дојдат во Вевчани за, како што рече, заедно со нив да му се радуваат на животот и да ја пречекаат старата нова година.