Венгер посакува да го избегне „Атлетико“

255
Venger

„Арсенал“ одигра во Москва тежок реванш натпревар од четвртфиналната фаза во Лига Европа и беше на прагот да ја загуби предноста од 4:1 од првиот натпревар.

„ЦСКА Москва“ имаше водство од 2:0, но наместо Русите да дадат трет погодок и да одат понатаму, англискиот тим погоди двапати за 2:2.

По натпреварот тренерот на „Арсенал“, Арсен Венгер, изрази само една желба пред ждрепката во Нион.

– Само да го ибегнеме „Атлетико Мадрид“, изјави Венгер.

Покрај „Арсенал“ и „Атлетико“ се пласираа и „Олимпик Марсеј“ и „Салцбург“.