Вечер со поезијата на Игор Крајчев во велешкиот театар

34

Вечер со поезијата на Игор Крајчев ќе се одржи денеска во велешкиот театар „Јордан Х.К-Џинот“.

Модератор на поетската вечер, како што најавуваат организаторите, е писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Крајчев ќе читаат актерите Фаик Мефаилоски и Жарко Спасовски.

Настанот е во рамки на циклусот поетски вечери, во организација на велешкиот театар, со цел афирмација и промоција на поезијата на поети по потекло од Велес. Досега се одржани вечери со поезија на Катица Ќулафкова, Ристо Јачев и Павлина Климкар Меанџиева.