(Видео) Попов: СДСМ три години не може да ја заврши реконструкцијата на студентскиот „Гоце Делчев“

148

Три години СДСМ не може да ја заврши реконструкцијата на Студентскиот дом „Гоце Делчев“, која ја почна ВМРО-ДПМНЕ. Блоковите А и Б се реконструирани во време на ВМРО-ДПМНЕ и пуштени во употреба. Блоковите В и Г стојат нереконструирани и неупотребливи, изјави Сергеј Попов, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дарко Каевски и СДСМ лажат кога велат дека нешто направиле. Три години ништо не направија. Да биде иронијата поголема, во нивната програма напишаа и од ова место ветија дека овде ќе има студентски град. Овде студентски град нема, а состојбата е полоша од кога било до сега. Каевски и неговата екипа ги лажеа младите и ништо не направија. На Каевски не му е гајле за младите затоа што додека тој седи во удобната фотелја фирмата на неговите родители ниже државни тендери“, рече тој.