ВИСТИНСКО ЧУДО: Се породила двапати во 17 дена

74

Џема Брајант oд британската област Источен Јоркшир, тагата по своето машко мртвороденче многу брзо ја заменила со радост, откако родила ќерка, и тоа само по 17 денови.

Имено, Британката требало да биде мајка на близначиња, но девојчето, сега крстено Лекси останало во мајчината утроба повеќе од две недели по предвременото раѓање на нејзиното братче.

По загубата на синот, лекарите им соопштиле на Џема и нејзиниот сопруг Џејмс дека другото бебе веројатно ќе се роди за три дена, со мали шанси за преживување. Меѓутоа, тоа се случило по 17 дена, а пораѓањето минало во најдобар ред и девојчето е живо и здраво.

Доживеав вистински „емоционален ролеркостер“. Многу ми е тешко што Коби се роди толку рано, неговите мали бели дробови едноставно не беа подготвени. Деновите на  исчекување потоа беа ужасни, полни неизвесност. Беше страшно кога таа доаѓаше на свет, но возбудливо, истакна Брајант.

Докторите велат дека ова е прв случај на толкава разлика меѓу раѓање на близначиња, објави „Метро“.

Девојчето на мајката првпат и го донеле 20 дена по раѓањето.

– Беше прекрасно. Почнав да плачам, оти  конечно ми олесна кога ја зедов својата ќерка. Навистина прекрасно, раскажува Џема.