ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма

217
VMRO-DPMNE-zgrada

Македонија е на колена. Насилство, убиства, уцени, криминал, се само дел од црниот баланс кој го спроведува криминалниот картел на Заев и СДСМ. Заев доби конкуренција во криминалот наречен Кочо Анѓушев. Заев и Анѓушев ја претвораат државата во сопствена фирма, додека граѓаните осиромашуваат, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека граѓаните се вознемирени од изјавите каде што постојано се менуваат ставовите на Зоран Заев дали ќе биде распишан референдум и дали тој ќе биде задолжителен или консултативен, Заев како од ракав дели 10 милиони евра на фирми на Анѓушев, Локвенец и други сопартијци и послушници, претставувајќи ги како иноватори.Граѓаните гледаат дека додека економијата доживува вистински крах, стопанството е пред банкрот, додека се намалува просечната плата, се бркаат странските инвеститори, семејните бизниси на Кочо Анѓушев и Зоран Заев цветаат и тоа со сесрдна помош на институциите под нивна контрола.Овој скандал е огромен. Ова е сериозен сомнеж за злоупотреба на позицијата за богатење, велат од опозицијата.

Оттаму додаваат,  дека Заев го гази достоинство на сите граѓани во Република Македонија. Со штетниот договор со кој се негира македонската нација, народ, култура, јазик и историја, Заев ја гази демократијата, кршејќи ги законите, процедурите и Уставот на Република Македонија целосно исклучувајќи ја опозицијата и оневозможувајќи дијалог и демократска расправа во Собранието.Граѓаните заслужуваат власт која вистински ќе се води по европските принципи за почитување на Уставот и законите, особено за важни прашања поврзани со носење на одлуки за иднината на државата како што се македонските интеграции во Европската унија и НАТО.