ВМРО-ДПМНЕ нема да го опструира автентичното толкување за помилувањата на Иванов

58

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкции на постапката за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, рече координаторот Никола Мицевски.

Тој најави дека сепак, ќе бараат од Уставниот суд да побара мислење од Венециската Комисија за него по примерот на Албанија за ветнингот на судиите.

Барањето на СДСМ за автентично толкување за помилувањата на Иванов денеска е на седница на законодавната правна комисија откако тоа вчера доби виза од владата.