ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците

247
Zemjodelstvo

Земјоделието е во катастрофална состојба. Над 60 илјади тони јаболка во ресенско стојат во магацините, на само 2 месеци пред крајот на сезоната. Јаболкарите кои треба да почнат со подготовка на плантажите за новата сезона немаат средства за обработка на нивите, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ, Зоран Заев и Љупчо Николовски ги понижија земјоделците. Минатата година без пласман останаа производителите на зелка, домат, пченица, слива, бостан, грозје, праска и ориз, земјоделците наместо загарантиран откуп и фер цени, немаа никаков откуп. Заев ги излажа земјоделците и го клекна земјоделието на колена во изминативе две години. Земјоделците се жртва на манипулација. Две години земјоделието само тоне, а земјоделците не можат да ги покријат ни производствените трошоци, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека власта не смее да остане глува на проблемите на земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ бара власта под итно да ја врати интервентната мерка по 3 денари од килограм и да им помогне на јаболкарите.

-Лошите политики на СДСМ во земјоделието, само ја зголемуваат сиромаштијата, која е во пораст во Република Македонија, при што бројките велат дека граѓаните кои живеат на прагот на сиромаштија изнесува половина милион. Зоран Заев и СДСМ немаат легитимитет повеќе да ја водат државата. Секој сегмент од општеството тоне со оваа неспособна власт. СДСМ мора да си замине, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.