ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава против Џафери

166

На денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ се обрати Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев Потпишувањето кој соопшти дека праќањето на Законот за јазици во Службен весник е незаконски и носи лоши последици за државата, па поради тоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична против Талат Џафери и директорот на Службен весник.

„Праќањето на Законот за двојазичност во службен весник од страна на господинот Талат Џафери, без потпис од претседателот на државата Иванов е незаконски и насилнички обид кои остава последици на државата.

Ова дело не застарува за година или две за да може сторителот да биде амнестиран од Кацарска судството на Зоран Заев. Според тежината на делото и огромните штети што ги предизвикува незаконското објавување во Службен весник се предвидува затворска казна од најмалку 5 години.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична против Талат Џафери и директорот на Службен весник и против сите за кои ќе биде утврдена одговорност дека го прекршиле законот, а дополнително ќе поднесе иницијатива до Законот за јазици до Уставниот суд“, изјави Јанушев.