ВОДИТЕЛКАТА ВЕЛИНОВА: Почнаа да ми бараат фотографии од втората свадба (ИНТЕРВЈУ)

6903

Одлична вест за сите оние кои се подготвуваат за свадбена свеченост, веќе неколку години имаат можност на едно место без да губат време да се консултираат со професионалци за сè што им е потребно околу прославата. Од 23 до 25 февруари 2018 година ќе се одржи 8. Саем на венчавки („Wedding Weekend Expo 2018“) во хотелот Александар Палас. Настанот традиционално е под режисерската палка на магазинот за културата на венчавките „Во бело.мк“.

Годинава заштитно лице е познатата водителка Александра Велинова. За РипостМК таа открива некои детали и им дава совети на идните невести.

1. Три клучни совети што треба да ги знае секоја идна невеста?

Прво, да се чувствува пријатно во венчаницата и во поглед на моделот и во поглед на материјалот. Да им биде добар падот на штиклите зашто цела вечер ќе биде на нозе, а може и цел ден. Со шминката и фризурата да биде она, а не некоја друга, па да не може да се препознае во огледало.
Второ, нема неубава невеста!
Трето, во првите 5 минути важен е изгледот после тоа расположението и забавата.

2. Дали невестинскиот фустан треба да биде модел кој од секогаш сме сакале да го облечеме или модел кој прилега на конституција?

Треба да прилега на конституцијата дефинитивно. Ние жените од девојчиња сонуваме за ваква или онаква венчаница, ама мсилам сите се свесни дека она што ќе го облечат треба да ја извади најдобрата верзија од нив. Ако ме прашувате мене јас мојата венчаница отсекогаш сум ја замислувала кратка, прилепена за телото на кимоно, ама за свадбата избрав нешто сосема спротивно: долг фустан со цветни дезени и морам да признаам се чувствував навистина инзвонредно во неа, само што ние сме темпераментен народ особено кога ќе засвири музиката, па се случуваше да ми го подгазуваат, децата кои секогаш трчкаат на свадба да наоѓаат засолниште во неа 🙂

3.Треба ли невестата да се консултира со дизајнер за да не погреши во изборот?

За оние што можат да си дозволат пожелно е да се консултираат со дизајнер околу трендот дали ќе бидат во мода кратки долги венчаници, бели или во боја, со дезени во боја или не, меѓутоа не може дизајнерот да им каже во која венчаница можат да се чувствуваат убаво. И дизајнерите треба да знаат што сакаат идните невести.

4. Како вие се одлучивте за вашата венчаница?

Јас бев речиси договорена со една наша модна куќа, кога во последен момент ми пратија веб страна од една француска модна куќа со милион венчаници буквално за сечиј вкус. За оваа што се одлучив беше трета по продаваност. Ми земаа мерки овде пратив пропорции и ја чекав да стигне. Стигна две недели пред свадба во едно пакетче во кое молев Бога да не е венчаницата зашто беше прилично мало. Но кога ја извадив тулот почна да се дува нормално и да се враќа венчаницата во првобитната состојба. Замислете точна ми беше на сиот ризик хахаха

5. На Саемот за венчавки ќе Ве видиме во истата креација како од фотосесијата или во некој друг модел од новата колекција на Елена Лука?

Зарем мислите „Елена Лука“ ќе ме остават во истата венчаница, вредни и креативни се тие, до тогаш ќе излезе новата колекција така што трите дена додека трае саемот ќе бидам во три различни креации. Морам да ја споделам анегдотата дека по објавата на веста дека ќе бидам заштитно лице на Саемот за венчавки колеги почнаа да ми се јавуваат да им пратам фотографии од втората свадба, што најверојатно не ја дочитале веста , туку ги гледале фотографиите само.