Воз усмрти маж од Миравци

255
Voz

Tоварен воз управуван од З.Г. (55) од Скопје, на пругата кај железничка станица Миравци, на влезниот сигнал на железничка станица Миравци, удрил во С.Г. (64) од село Миравци.

Од ударот С.Г. починал на местото на настанот. Возот сообраќал на релација Гевгелија-Табановце. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од полициска станица Гевгелија. Телото на починатиот било предадено за обдукција. МВР работи на целосно расчистување на случајот.