Во Италија за 24 часа починаа 712 луѓе, здравствените власти предупредуваат – ова уште не е врвот на епидемијата!

904

Италија се уште не го достигна врвот на заразата со коронавирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи.

– Не го достигнавме врвот и не сме го минале, изјави Силвио Брусаферо на прес-конференција. Сепак, тој дополни дека има знаци на забавување на бројот на новозаразени, што упатува на тоа дека врвот (пикот) не е далеку и оти може да дојде до опаѓање на трендот.

– Кога ќе почне опаѓањето брзината ќе зависи од нашето однесување, потенцираше Брусаферо.

Во Италија досега се евидентирани 80.539 случаи на заболени од коронавирус, од кои 8.216 завршиле фатално.