„ВО КОЖАТА, ДЛАБОКО: +60“ фотографска изложба

187

Изложба на фотографии „Во кожата, длабоко: +60“ организира ЛГБТИ Центарот за поддршка која ќе биде отворена вечер од 20 часот во Отворено графичко студио на Музејот на град Скопје.

Таа е резултат на истоимениот проект од програмата за уметнички престој „Инстинкт.Берлин“ на фотографот Рафаел Медина, кој портретирал девет голи геј мажи на возраст над 60 години кои живеат во Берлин.

– Серијата од 35мм црно-бели фотографии и краток документарец претставуваат визуелно истражување на нивната сексуалност и нивниот однос кон нивните тела. Во портретирањето на старите геј мажи, фотографот го отвара прашањето за стареењето во геј заедницата; во која стандардите за убавина и младоста се дури и повисоки отколку оние во мејнстрим заедницата. Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните заедници се опустошени од ХИВ / СИДА. Тие со децении се бореа за видливост и инклузија, соопшти организаторот на изложбата која ќе биде отворена до 18 март. 

Рафаел Медина е бразилски фотограф кој живее и работи во Берлин. Неговата работа се фокусира на портретирање на квир сцената и ги обработува сексуалноста, родовите улоги и прашањето за прифаќањето на телото.