ВО ОЧИ „ОСКАРИ“: Филмот „The shape of the water“плагијат?

156

Во пресрет на „Оскарите“, на повидок е скандал: филмот „The shape of the water“(Обликот на водат), еден од најголемите фаворити за главната награда, се соочува со обвиненија за плагијат.

Во обвинението покренато во суд во Лос Анџелес, се наведува дека режисерот Гиљермо дел Торо, продуцентот Даниел Краус и филмското студио Фокс Срчлајт „безобѕирно ја препишале приказната, елементите, ликовите и темата” од претстава на покојниот Пол Зиндел oд 1969 година. Тужбата ја поднесе синот на Зиндел, Давид.

„Обликот на водата” е номиниран во 13 категории, најмногу оваа година, а свеченоста ќе се одржи на 4 март.

Во претставата на Зиндел, суштеството е делфин. Во филмот тоа е получовек-полуриба.

Тужбата поднесена само ден по објавувањето на номинациите, вели дека „и покрај очигледните сличности меѓу претставата и од неа изведениот филм, обвинетите не се одважија да побараат и да ја добијат вообичаената дозвола” за правата, ниту пак, го навеле Зиндел како автор.

Фокс Срчлајт ги негираше овие наводи како „неосновани и целосно безвредни”.