ВО ПОСЛЕДНИТЕ ТРИ ДЕЦЕНИИ: „Голден Стејт“ еден од најголемите фаворити во НБА

116

Во пресрет на големото финале во НБА лигата кое почнува вечер во три часот по полноќ, улогата на фаворит ја има „Голден Стејт“ кој ќе се соочи со „Кливленд“.

Според букмејкерите во САД, актуелниот шампион е јасен фаворит за освојување на трофејот.

Во текот на изминатите 30 години, само тимот на Лејкерс во 2001 година беше поголем фаворити во финалето со Филаделфија.

Петте претходни големи фаворити во последните три децении (ЛА Лејкерс -2000, 2001 и 2002, Сан Антонио -1999 и Чикаго -1996) ја завршија серијата за шест натпревари или помалку натпревари.