Во светот би можело да останат само 5 или 6 валути

243

Развојот на заеднички валути во различни земји може да им помогне на овие економии да ја намалат нивната зависност од американскиот долар.

Во моментов во светот постојат повеќе од 100 признати валути, но тој број може да се намали на пет или шест во текот на следните 20 години, изјави министерот за економија на Бразил, Пауло Гуедеш, на Светскиот економски форум.

Европските земји ја воведоа заедничката валута пред 20 години, дозволувајќи им на луѓето, на пример, од Франција да патуваат во Германија без потреба од промена на готовина. Тоа би можело во иднина да се случи и во други делови од светот, под услов политички и економски да се усогласат, додава Гуедеш.

– Ако ги земете во предвид политичката димензија и економската димензија, за 20 или 30 години би имале пет, шест валути“, додаде тој.

Во моментот, американскиот долар се смета за безбедна валута – што значи дека нејзината вредност расте во време на криза. Заради стабилноста и трговијата, разни земји решија да ја врзуваат својата валута токму со американскиот долар. Сепак, во време на нестабилноста на американскиот долар, тоа би можело да им наштети на тие земји.

Развојот на заеднички валути во различни земји може да им помогне на овие економии да ја намалат нивната зависност од американскиот долар. Во тој случај, алтернативата би била еврото, уште една „континентална валута“, во која доминира доларот, а Кина би имала своја валута, која исто така гравитира во некои земји.