Во Флорида промовирана монографијата за Атанас Близнаков

88

Jубилејното издание на монографијата за македонскиот национален деец, иселеник и повратник од САД, Атанас Близнаков, чиј автор е публицистот Славе Катин, беше претставено на собир во организација на Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида.

Монографијата, чиј рецензенти се ректорот проф.д-р Никола Јанкуловски и проректорот проф. м-р Гордана Јосифова-Неделковска, е на македонски и англиски јазик, а е издание на Ректоратот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

Промоцијата се одржа вчера, по повод 40-годишнината од формирањето на фондацијата „Атанас Близнаков“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, преку која околу 350 студенти завршиле универзитетско образование.

Ова беше четврто претставување на монографијата „Атанас Близнаков“ на северноамериканскиот континент. Делото е посветено на животот и делото на Близнаков, кој важи за голем македонски донатор во иселеништвото  (15.12.1901 – 10.07.1998) и основач на фондација во Македонија.