Во Хрватска на училиште се вратиле помалку од два отсто од учениците

83

На првиот работен ден во хрватските училишта се појавија помалку од два проценти од учениците, се наведува во анализата на Хрватскиот сојуз на наставници.

Анализата спроведена на повеќе од 550 примероци покажа дека само 1,77 проценти од учениците одат на училиште.

Најмногу ученици има во училиштата на Задарската жупанија – 3,90 проценти, или 262 ученици од вкупно 6.714, а најмалку во Истарската жупанија каде што не се појавил ниту еден од 7.643 ученици.

Синдикатот на хрватските наставници смета дека ресорното Министерство води кампања – „не ги праќајте децата на училиште“, во која, како што велат, била вклучена и министерката Блаженка Дивјак, јави загребската телевизија Н1.