Гвардиола: „Ливерпул“ во моментов е најдобар тим во светот

427

Тренерот на „Манчестер Сити“, Пеп Гвардиола, ги сподели неговите очекувања за средбата со „Ливерпул“ која ќе биде дерби на сезоната во Премиер лигата. Дуелот е од 21. коло и е на програмата в четврток.

„Ливерпул“ во моментов е најдобриот тим во Европа и во светот. Знаеме дека ако загубиме бодови, сезоната ќе биде завршена. Мислам, трката за титулата ќе биде завршена. Треба да го прифатиме моментот каков што е. Сè што можеме да направиме е да ја завршиме нашата работа на теренот, да одиграме и да видиме што ќе се случи, вели шпанскиот стратег на кормилото на „граѓаните”.

По 20 кола, „Ливерпул“ има 7 бода предност пред „Манчестер Сити“. Во случај на нов пораз, разликата ќе биде плус 10 за „црвените”.