ГЕОМЕТРИСКА КУЌА: Како да е направена само од две коцки (ФОТО)

448

Во американскиот град Сиетл е изградена семејна куќа со комплексна шема на ентериерот, која се карактеризира со едноставна геометрија на двe правоаголни коцки поставени една врз друг и со интеракција на црната и белата боја.

Долниот кат на „Тек Хаус“ од едната страна гледа кон улицата, а од задната страна „излегува“ на двор со бујна вегетација. Големите прозорци и дрвните балкон овозможуваат оптимална врска меѓу внатрешност и отворениот простор.

Дневната соба, трпезаријата и кујната прават една отворена целина со високи тавани, каде се применети разни текстури ширум целиот простор.

Едноставната геометрија е вклучена и во енетриерот на куќата, каде шемата е оформена со јасни линии, кои се дополнително истакнати со адекватна употреба на боите кои создаваат позитивни вибрации и модерен изглед.