Голманка на женскиот тим во хокеј на мраз на Швајцарија постави два рекорда во првиот натпревар во овогодинешниот турнир во Република Кореја. Флоренс Шелинг сега е број еден по бројот на натпревари на Олимписките игри.
При успехот со 8:0 над заедничкиот тим на двете Кореи таа ја одигра својата средба број 15. Исто 15 има и финската голманка Нура Рати која денеска беше стартерка при поразот со 1:3 од САД. Со 14 натпревари на Олимпијадата е и Русниката Ирина Гушеникова.
Шелинг исто така забележа „сува мрежа“ вчера што ја изедначува со голманката на Канада Кимберли Сен Пјер – и двете имаат по 4 натпревари без примен гол. Сен Пјер повторно може да стане единствен лидер по овој показател, ако подоцна денес „јаворовиот лист“ го порази ОАР (олимписките спортисти од Русија) без примен гол.