Голман од Македонија ќе ја брани Ница

388

Младата македонска гоманка Јована Мицевска е нов челн на француската екпа Ница, каде како тренер работи македонскиот тренер Марјан Колев. Мицевска досега беше член на ЖРК Вардар каде изминативе години тренираше со вардаровите голманки Ина Сусулина и Амадин Лејно

Мицевска која има 18 години е дел од македонската репрезентација.

Таа потпиша три годишен договор со Ница, а и во францускиот клуб ќе ја има улогата на трет голман покрај Марија Чолиќ и Хатаду Сако. Оваа екипа се натпреварува во Национал 1 дивизија.

Во преодниот рок од македонските репрезентативки од ЖРК Вардар во Франција замина и Теодора Керамитчиева која ќе ги брани боите на Шамбри.