Голот на Дибиров во Топ 5

154

Ракометарот на „Вардар“, Тимур Дибиров е познат по своите атрактивни потези и голови на натпреварите. И на последниот дуел од Лигата на шампионите против „Барселона“, левото крило на „црвено-црните“ повторно постигна гол со кој се најде на листата на најдобрите за ова коло.

Вардар загуби минимално 29:28, но голманот на „Барселона“, Перез де Варгас сигурно ќе го памети овој потег на Дибиров.

Најдобрите голови од последното коло на ЛШ, меѓу кои и на Дибиров  можете да ги погледнете овде.