ГОНЗАЛЕЗ: Мора да триумфираме и против „Војводина“, да ја завршиме фазата без пораз!

94
Raul_Gonzalez

Македонскиот првак, шампионот на СЕХА лигата од минатата година, „Вардар“ не знае за пораз и има 8/8, а денеска ќе брка нов триумф против екипата на „Војводина“.

Шпанскиот стратег вели дека ќе пристапат максимално сериозно кон натпреварот и дека целта е групната фаза да ја завршат без пораз.

– Обезбедивме пол-позиција за Ф4 турнирот, но нашата цел е групната фаза да ја завршиме без пораз, нагласува тренерот на „Вардар“.

Гонзалез потенцира дека треба да се очекува домаќинот да биде максимално мотивиран.

– „Војводина“ е екипа која има добра одбрана, а одлично игра пред својата публика, но ние сме фаворити и ќе го покажеме тоа на теренот, наведе шпанскиот стручњак.

Натпреварот меѓу „Вардар“ и „Војводина“ ќе започне во 13 часот.