ГОНЗАЛЕЗ: Под притисок сè е поинаку, посакувам добра игра

182

Македонската ракометна репрезентација претпладнево во „Арена Загреб“ го одржа првиот и единствен тренинг пред дуелот утре со Словенија во „Арена Загреб“. 

– Секако дека првиот натпревар е најважен. Посакуваме победа за да можеме добро да почнеме на првенството. Ова што досега го работевме беа само пријателски натпревари и тренинзи, сега следува вистинското. Словенија е освојувач на медал на последниот Светски шампионат. Посакувам само да одиграме добар натпревар – изјави селекторот Раул Гонзалез.

За конечниот список од 16 играчи селекторот Гонзалез ќе се изјасни на техничкиот состанок што е закажан за вечерва во 20 часот.

Натпреварот Македонија – Словенија се игра утре со почеток во 19.30 часот во „Арена Загреб“.